Nestle го продаде брендот Juicy Juice

98

nestle

Швајцарската компанија Nestle го продаде својот бренд американски пијалоци Juicy Juice на инвестициската компанија Brynwood Partners, пишува Wall Street Journal.

Според WSJ, по минатогодишната продажба на брендот PowerBar и голем дел од филијалата Jenny Craig, оваа нова трансакција на швајцарската компанија е дополнителна етапа во процесот на поедноставување на структурата на групацијата.

Пионерот во сегментот на природни сокови, Juicy Juice се соочува со пад на продажбата во последните неколку години поради општата загриженост за здравјето и намалување на побарувачката на засладени сокови за деца, како и поради приоритизацијата на Nestle на брзорастечките брендови.

Brynwood и Nestle одбиваат да дадат финансиски детали за ​​договорот, но од Brynwood велат дека оваа купопродажба е најголема за фирмата во 30 години.