Аеродромите во Турција во текот на минатиот месец го срушија рекордот по бројот на патници што ги користеле нивните услуги. Само во месец јуни се евдиентирани 16,7 милиони патници, покажуваат податоците на Генералниот директорат на државни аеродроми на Турција.
Во текот на минатиот месец, аеродромите во Турција бележат зголемување на бројот на патници од 10,6% во однос на истиот период лани, пренесуваат турските медиуми.
Кај домашните летови, бројот на патници е зголемен за 10,7%, додека кога станува збор за меѓународните летови, порастот е од 10,5%.
Најголем товар од порастот на бројот на патници го носи аеродромот Ататурк во Истанбул, каде што отпаѓаат 35% од вкупниот авионски превоз на патници во целата земја.
Најфреквентен ден на овој аеродром беше 27 јуни, кога 1.326 авиони слетаа и полетаа од неговите писти.