Жерар Депардје ќе отвора ресторан во Москва

67

Актер Жерар Депардье посетил Саранск

Францускиот актер Жерар Депардје, кој е руски државјанин година ипол, планира да отвори три ресторани во Русија.

Првиот ресторан планира да го отвори во Москва во октомври, под името “Gerard”.

moskva

“Во ресторанот ќе има едноставна храна, каква што сакам – француски и руски специјалитети. Се надевам дека ќе отворам ресторани и во Санкт Петербург и Саранск“, вели Депардје во интервју за Комсомолскаја правда.

Жерар Депардје стана руски државјанин откако во Франција го воведоа данокот за милионери. Тој веќе поседува три ресторани во Париз, неколку лозја и винарии во Франција и Белгија, а во Белгија има отворено и агенција за недвижности, Cogimmo.