Светскиот производител на спортска опрема Nike му стави крај на договорот за соработка со фудбалскиот клуб Manchester United по 13 години, јавува BBC.
Во соопштението, Nike вели дека “условите што беа понудени за обновување на договорот не се прифатливи за акционерите на спортската компанија“.
Неофицијални информации велат дека на местото на Nike најверојатно ќе дојде Adidas или Warrior.
Фудбалскиот клуб од Велика Британија не се квалификуваше во Лигата на шампионите оваа сезона за прв пат по 19 години. Клубот ја доживеа и најлошата сезона во Премиер лигата, откако тренерот Сер Алекс Фергусон ја напушти позицијата по 26 години работа.
Nike со Manchester United за прв пат потпишаа договор во 2002 година, а последните дресови на клубот со знакот на Nike ќе бидат во сезоната 2014 – 2015.