На градовите во Калифорнија им се наметнува задолжително ограничување на трошење на вода на отворено. Во вторникот државната власт усвои прописи кои на локалните тела им даваат авторитет да казнуваат со казни и до 500 долари на ден за непотребно трошење на вода.
Мерките се преземени поради сушата и поради тоа што анализата за заштита на залихите на вода покажа дека не успеале да ја намалат потрошувачката за 20%, туку напротив, потрошувачката на вода во Калифорнија е зголемена. Сепак, ќе се казнуваат само оние коишто “непотребно” ги наводнуваат тревниците, ги мијат автомобилите, кога водата истекува и на улицата, кога се мијат бетонските површини, тротоарите и патиштата, пишува ЛА Тајмс.
Властите очекуваат дека казните за време на најголемата суша во Калифорнија ќе помогнат да има доволно вода за да се задоволат потребите на повеќе од 3,5 милиони луѓе годишно.