Во Сараево, во општината Нови Град, во тек е изградбата на првиот хотел за студенти во БиХ. Emiran Luxury University Hotel се гради по стандардите на хотел со три ѕвезди, а првите станари ќе ги прими во октомври, на почетокот на новата академска година.
Објектот ќе прими околу 240 студенти. Ќе има 138 соби, еднокреветни и двокреветни, како и шест апартмани. Ќе ги исполнува сите услови за современ живот. На студентите на располагање ќе им бидат телефонија, телевизија, интернет, библиотека, фотокопирница, фитнес клуб, сауна, фризерски салон и уште многу други содржини, јавува Радио Сараево.
Според Исмет Дахиќ, претставник на ивнеститорот, компанијата Емиран, заинтересираноста е голема. Цените за сместувањето се уште не се дефинирани, но ќе бидат достапни за оние со малку подлабоки џебови, затоа што, како што вели Дахиќ, условите за престој што ги нудат се многу подобри од оние во постоечките студентски домови.
Хотелот ќе биде под 24 часовен видео надзор.