Рускиот милијардер Владислав Дороњин ги започна преговорите со грчкиот бизнисмен Петрос Статис за преземање или склучување партнерство во компанијата Adriatic Properties, која е закупец на елитниот црногорски хотелски комплекс Свети Стефан – Милочер.
Дороњин, како што пишува црногорски Вијести, кој на почетокот на мај и официјално стана мнозински сопственик на хотелскиот синџир Aman group, кој е и хотел оператор на Град –хотелот Свети Стефан и Вилата Милочер, во изминатите десет дена ги интензивираше разговорите со Статис, еден од клучните лица на Adriatic Properties.
Разговорите се водат во време кога се очекува одлуката дали на закупците ќе им бидат одобрени бројни поволности, кои ги предложи црногорската влада на парламентот, со можност за градење на комплекс од апартмани во паркот Милочер.