Нема поатрактивна работа во последните два месеци меѓу жителите на загорскиот дел на Шибеничко – книнската жупанија од работата како берачи на лековити билки, јавува Слободна Далмација.
Откупната цена на лековитите билки е особено атрактивна и се движи по 1,30 евра за килограм, а дневно може да се наберат и по 30 килограми. Па така, дневно заработката се движи и над 39 евра, а месечно и над 1.100 евра.
“Во секој период од годината има голем број на различни билки што се собираат и се откупуваат“, вели Марко Понош, теренски оперативец на компанијата Helichrisum, што се занимава со собирање на најразлични билки.