Будва најзадолжена општина во Црна Гора со долг од над 68 милиони евра

113

budva

Вкупниот долг и неподмирени обврски на црногорските општини на крајот на минатата година изнесуаат 287,35 милиони евра, покажуваат податоците на црногорското министерство за финансии, јавува црногорскиот портал Побједа.

Вкупните кредитни задолженија на локалната самоуправа изнесува 170,55 милиони евра или 5,15% од проценетиот бруто домашен производ, додека неподмирените обврски на општината изнесуваат 116,8 милиони евра.

Што се однесува до задолжувањето, најмногу должи Будва и тоа со 68,32 милиони евра, потоа следи Подгорица со 27,56 милиони евра, додека општината Никшиќ е задолжена со 16,74 милиони евра.

Вкупните приходи на локалната самоуправа за минатата година биле планирани на ниво од 268,7 милиони евра, додека реализирани биле 227,42 милиони евра, односно 84,64% во однос на планираното.