Што ќе бараат работодавците во 2013 година?

55

plan

Фото: Pixabay

Следната година работодавците ќе внимаваат на секој денар потрошен на вработените, а ќе бараат од работниците да покажат повеќе вештини и подобри резултати. Според предвидувањата, на работниците што ќе сакаат да напредуваат нема да им биде доволна основната стручност, пишува The Wall Street Journal. За да го освојат клиентот или да ја добијат работата, експертите говорат за четири вештини што вработените ќе мора да ги поседуваат:

Јасна комуникација

Комуникацијата е клуч на напредокот во некоја компанија, без разлика во кој дел од компанијата работи вработениот. Се смета дека јасната комуникација всушност е способност за јасна артикулација на својот став и способност преку комуникација да се оствари деловна врска.

За невработените, јасната комуникација би можела да им даде јасна претстава на работодавците за нивниот работен стил.

Со развојот на интернетот, комуникацијата во компаниите се повеќе е онлајн, па така вработените губат некои вештини што претходно ги имале, од типот на добра презентација на своите услуги.

Лично брендирање

Оние што се занимаваат со човечки ресурси неуморно “копаат” по социјалните мрежи, LinkedIn профили и слично во потрага за соодветни кандидати. Експертите сметаат дека вашите профили на тие мрежи всушност ве претставуваат вас како бренд. Се повеќе компании бараат луѓе кои преку профилите на социјалните мрежи ќе ја промовираат кампањата, ќе пишуваат блогови, ќе твитаат во име на компанијата и слично.

Флексибилност

Способноста брзо да се одговори на промените што ги бара вашиот работодавец ќе биде неопходна следната година. Она што некој го работи оваа година, можеби нема да биде истото и следната. Важна е способноста за учење нови вештини, а тоа може да биде и пресудно во напредувањето во кариерата.

Подобрување на продуктивноста

Во 2013 година вработените ќе мораат да најдат начин да ја зголемат продуктивноста, велат експертите. Според некои истражувања, менаџерите следната година ќе бараат 20% подобри перфоманси од вработените. Компаниите ќе бараат луѓе способни да разберат што се бара од нив, без да им се каже што треба да работат.

Бен Дантер, психолог од Њујорк, вели дека уште еден проблем на компаниите во последно време е да ги задржат талентираните работници. Тој вели дека компаниите во голема мерка го отстраниле “салото”, но сега мораат да прават “муслули”.