Зошто Индија ќе сади две милијарди дрвја долж автопатиштата?

73

Indian_-_Major_Highway

Индискиот министер за транспорт и рурален развој во петокот изјави дека новиот план за садење на две милијарди дрвја долж националните автопатишта е напор да се намали невработеноста кај младите што изнесува дури 300.000 лица на возраст од 15-24 години. Според министерот за транспорт и рурален развој Џаирам Гадкари, новата иницијатива исто така ќе помогне во заштита на животната средина.

“Имаме речиси еден милион километри автопатишта по кои планираме да се засадат две милијарди садници, кои ќе влијаат на подобрување на животната средина, додека во исто време ја намалуваме стапката на невработеност во нашата земја”, изјави Гадкари за индиската новинска агенција PTI, пренесува Huffington post.

Една неодамнешна студија на британските научници покажа дека садењето дрвја долж патиштата може да ја намали концентрацијата на лоши честички во воздухот и до 65%.