Најголемиот трговски центар во Македонија и еден од најголемите во регионот ги отвoра вратите за своите посетители

66

Долгоочекуваниот трговски центар Скопје Сити Мол свечено ги отвора вратите за своите посетители на 4 октомври 2012 г. Во текот на неколкуте дена по свеченото отвoрање ќе се реализираат разновидни активности наменети за сите посетители.

150 реномирани светски брендови како и најголемите локални трговски марки ќе бидат присутни во трговскиот кој располага со вкупна површина од 90.000м2 од кои 39.000м2 се наменети за издавање. Посетителите ќе го имаат на располагање и најголемиот паркинг простор во градот со 1.300 паркинг места вклучувајќи подземно ниво и катна гаража.

Вкупната досегашна инвестиција во трговскиот центар изнесува 70 милиони евра, а ќе овозможи вработување на околу 2.000 лица.

Скопје Сити Мол ги задоволува највисоките светски стандарди за модерен и урбан трговски простор и во Македонија ги носи некои од најголемите светски брендови. Овој проект е своевиден симбол на развој, унапредување, взаемна доверба и уште повеќе ги отвара вратите за понатамошни инвестиции. Определбата на Скопје Сити Мол е да ги задоволи потребите на домашните, но и на потрошувачите од регионот за квалитетен и современ трговски простор и да стане најуспешен шопинг центар на Балканот со околу 7,5 милиони посетители во првата година.Зара, Масимо Дути, Страдивариус, Пул енд Беар, Бершка како и францускиот ланец супермаркети Карфур, го најдоа своето место во Скопје Сити Мол и за прв пат ќе имаат свој продажен простор во Македонија. Трговскиот нуди богати забавни содржини како што се мулти-плекс киното со 3Д технологија на Синеплекс, потоа кугланата за семејна забава и деловно дружење Бо Боулинг, многу кафе барови, ресторани, брза храна, козметика, книжарница, детски катчиња, потреби за домаќинство, сервисни услуги и многу други содржини.

Со отворањето на Скопје Сити Мол на 4 октомври, градот конечно ќе добие место кое со својот уникатен концепт во себе ќе ги обедини добрата забава, шопингот и квалитетното дружење.