Шкотскиот диџеј Calvin Harris се наоѓа на врвот на листата на најплатени диџеи што ја објави американскиот Forbes.
Најголемата разлика во однос на минатата година е во износот на паричните средствата гледано вкупно, како и поединечно, со исклучок на Deadmau5a кој падна за неколку места. Но, затоа Harris зачекори пред другите и заработи речиси двојно повеќе од второпласираниот Guette. Исто така, Harris со својата заработка од 1 јуни 2013 до 1 јуни 2014 година успеа да го надмине и Jay-Z. Тој минатата година настапувал во повеќе од 50 фестивали и ноќни клубови.
„Популарноста на денс музиката астрономски се зголеми последниве три години. А случајно се погоди јас да бидам на вистинското место и во вистинско време“, изјави Harris за Forbes.
Во вкупните приходи пресметани се освен настапите и разни спонзорски договори, самостојни проекти, продажба на музика и останати брендирани производи. Место на листата за малку им избега на Diplu, Paulu Oakenfold и Daft Punk, кои сигурно ќе се најдеа на неа, ако одлучеа да имаат барем неколку настапи.
Видете кои се најплатените диџеи во светот: