Со холандска смисла за авангарден дизајн, Роберт Коленик воведе нов производ со неговиот потпис во колекцијата еко – шик апарати за домаќинство.
Масата со аквариум ќе го направи готвењето во домот интересно искуство. Целосно опремената кујнска маса одозгора има плоча во L облик, мијалник, шпорет на гас и фиоки, а под нив се наоѓа аквариум полн со карпи од океанот, морски треви и мали рипчиња.
Плочата се крева со притискање на едно копче и потоа се појавуваат скриените фиоки за правилно чување на храна и поголема хигиена.
Направени со цел да бидат дел од секоја луксузна куќа, масите се со лимитирано издание и дизајн што не се повторува, што на клиентите им нуди уникатност. Ова дело на Коленик е комбинација на оригиналност и иновативност, вредно да се инсталира во модерните и луксузни домови.