Мика Лис е новиот главен оперативен директор на меѓународната компанија Станга АД, која нуди софтверски и телекомуникациски услуги со брендот StangaOne1.
Лис се приклучува на компанијата во период на интензивна експанзија. Во рок од една година тимот на фирмата се зголеми до 250 вработени, а се создаде и нов развоен центар во градот Пловдив. Освен во Бугарија компанијата е претставена и во Велика Британија, Франција, Израел, САД и Канада.
Улогата на Мика Лис во Станга се фокусира на оптимизирање на тековните процеси и создавање на нови бизнис можности за компанијата. Од Њујорк таа ќе работи во насока на зајакнување на позицијата на компанијата на американскиот пазар, за да помогне во одржување на темпото на развој од последните неколку години.
Лис е поранешен извршен потпретседател на Tescom, меѓународна јавна компанија за професионални услуги од областа на софтвер за тестирање. За време на својата кариера во фирмата била одговорна за човечки ресурси.