Полскиот моден гигант LPP влегува во Хрватска и Србија

53

reserved

Полската модна куќа LPP е новото име што ќе се појави на хрватската street fashion сцена. Кон средината на октомври, во Загреб ќе ја отвори својата прва продавница, со што на потрошувачите ќе им бидат понудени пет нови брендови – Reserved, Mohito, House, Cropp и Sinsay.

До крајот на следната година, LPP во Хрватска ќе отвори 17 продавници, во кои ќе работат околу 300 вработени. Компанијата ќе отвора продавници и во Србија и тоа 15 до крајот на следната година. До крајот на 2017 година, во Словенија ќе има 15 продавници, а во БиХ уште девет, пишува Јутарњи лист.

LPP со седиште во Гдањск, има преку 1.300 дуќани во Европа, во кои минатата година оствари промет од скоро една милијарда евра. Минатата година оваа компанија влезе во најјаките 20 на Варшавската берза.