Се повеќе аукции поради неплаќање

59

Се повеќе аукции се одржуваат во Хрватска поради неплаќање на кредитите. Во Загреб од септември 2009 година до денес, бројот на недвижнини кои се ставени на “барабан” поради затворање, се зголеми за 110%. Пред три години такви објекти за продавање имало само  553 , а денес има за продажба дури 1164 објекти, куќи, станови и деловен простор. Ова се случува бидејќи сопствениците на овој недвижен имот, кој го ставиле под залог во банка за кредит, не можат со месеци да ги плаќаат ратите.

Весниците во Хрватска се полни со реклами за јавно наддавање.

Најмногу се продаваат станови, куќи, ниви, деловен простор.