WineCo – словенечка апликација за професионално оценување на вино

59

app sl

Словенечките програмери од компанијата MediaClinic осмислија и креираа WineCo апликација за сите љубители на виното, за која велат дека е прва апликација за професионално оценување на вино. Оцената на виното се спроведува во чекори, а бодувањето се однесува на бојата на виното, интензитетот на вкусот, вкупниот впечаток и слично. Апликацијата нуди можност за поставување на фотографија на шишето вино и внесување на името, произведувачот и локацијата каде е пробано виното. Креаторите најавуваат дека во иднина апликацијата ќе ја поврзат со социјалните мрежи, пишува порталот startaj.si.

Апликацијата е препорачана од страна на Меѓународната организација за лоза и вино, Меѓународната унија на енолози и Светската федерација на стручни процени на меѓународни вина и жестоки алкохолни пијалоци.