Топлификација најави исплата на долгот кон Макпетрол

50

Топлификација вчера информираше дека до денес ќе ги исплати долговите кон Макпетрол за испорачаните енергенси до 30 ноември, ќе бидат исплатени.

Во соопштението компанијата појаснува дека барањето на Макпетрол да се платат три милиони евра до одредениот датум се однесува на примени енергенси во периодот од 1 до 14 декември. Како што истакнуваат од Топлификација, може да го исплатат до крајот на годината за што ќе преговараат со Макпетрол.

Во средата Макпетрол најави дека ќе ја стопира испораката на гориво кон Топлификација доколку до денес таа не го исплати долгот, минимум три милиони евра. Според проценките на Макпетрол, долгот на Топлификација по основ на испорачан мазут и природен гас изнесуваше 191,5 милиони денари.