Три тајни на Стив Џобс што ќе ве одведат до успехот

29

jobsФото: Pixabay

Ако нешто правите само за да ги импресионирате другите, ќе се најдете во бесконечна конфузија. Кога зборуваше за идеи, Стив Џобс никогаш не ја изгуби искрата во неговите очи, пишува Inc.com. Ова се три негови совети што би можеле да ви помогнат во бизнисот:

1. Ослободете се од сопственото его барем еднаш дневно

Не ги осудувајте другите и воздржете се од самокритичност. Слушнете од другите што треба да промените кај себе, за да можете да постигнете остварување на соништата. Тоа е голем предизвик, бидејќи тоа е комбинација од амбиција и понизност.

2. Бидете исклучително амбициозни во својата страст

Ова е благослов и проклетство во едно. Опсесијата да се живее својот сон е огромна работа, но ароганција е голема слабост. Џобс призна дека многу добри идеи непотребно ги игнорирал во 90-тите години, кога неговата кариера во Apple стагнирала.

3. Бидете им благодарни на другите за придонесот, но не правете го тоа само за да ги импресионирате

Постојат многу критичари кои намерно или ненамерно ќе ги саботираат вашите амбиции, затоа што ќе бидат среќни ако не успеете. Ако нешто правите само за да ги импресионирате другите, ќе се најдете себеси во бесконечна конфузија. Не се впуштајте себеси во ништо, ако не ви е јасно дека тоа е навистина важно.