Германската компанијата Döttling, која произведува луксузни сефови, го создаде Guardian, сеф за патување во кој можат да се сместат шест часовнивци, накит, пари и документи.
Луксузниот сеф тежи 4 килограми, должината му е 35 cm, а широк е 13,5 cm. Има и ременче, така што може да се носи како чантичка додека патувате.
Внатрешноста на Guardian е направена од карбид обложен со карбонска ткаенина од арамид и поликарбонат. Капачето е како минијатурна врата која се заклучува со трицифрена комбинација на броеви. Овој луксузен сеф е опремен и со GPS и може лесно да биде лоциран каде и да се наоѓа во светот.
Заинтересираните купувачи можат да избираат од долгата низа на материјали, на пример, доколку сакате покривката на вашиот Guardian да биде направена од телешка кожа ќе треба да платите 12.000 евра. Ако сакате вашиот луксузен сеф да биде прекриен со кожа од крокодил ќе треба да одвоите 14.500 евра.
Фото: Döttling