Вкупно 1,7 милијарди евра изнесуваат неплатените сметки на потрошувачите на електрична енергија во Грција на крајот на јули оваа година. Најголем дел од долгот отпаѓа на домаќинствата и тоа 950 милиони евра.
Податоците ги објави грчката национална електрична централа, од каде истакнуваат дека наплатата на обврските ќе ја направат по судски пат.
Цената на електричната енергија во Грција минатата година се зголеми, откако беше воведена нова методологија за пресметка на потрошената енергија. Оваа методологија подразбира колку повеќе струја се троши, толку сметката е поголема.