Хрватската компанија Бродосплит договори изградба на брод за кружни патувања со должина од 162,2 метри со бродосопственик од Бахами. Бродот ќе има пет јарболи и 6.400 метри квадратни едра, според што ќе биде најголемиот едреник на светот, јавува ХРТ.
Бродот ќе може да прими 312 патници во 156 луксузно опремени кабини.
Вредноста на проектот е 65,5 милиони евра (половина милијарда куни), со опција за изградба на втор брод од околу 130 милиони евра. Испораката е планирана за крајот на февруари 2017 година.