Омеганг, пиварница со седиште во Њујорк, го произведе најновото пиво од својата колекција инспирирана од хит серијата Game of Thrones, Valar Morghulis. Пред да биде произведено, фановите на серијата имаа можност да гласаат за името и стилот на пивото.
Ова е четврта соработка на пиварницата со популарниот HBO серијал. Претходно, истата ги лансираше пивата Iron Throne, Take the Black Stout, и Fire and Blood.
Valar Morghulis, покрај горчината се карактеризира со арома на карамел, тофу, зрело овошје, прегорен шеќер и каранфилче.
Пивото кое содржи 8% алкохол, се препорачува да се конзумира со солени јадења, јагнешко и говедско на скара и сирења како стилтон и горгонзола.
Вкупно 660.000 шишиња од ова пиво ќе можат да се најдат само во одреденi држави во САД, Британска Колумбија, Онтарио, Манитоба, Алберта и Саскачуан.