Во Загреб отворено првото анти – кафуле

55

veliki-sat

Во Загреб минатата недела е отворено првото анти – кафуле во коешто се е бесплатно, освен времето поминато таму. Во просториите на кафулето Lutajući sat може да се играат игри, да се сурфа на нет, да се читаат книги, да се разговара, па дури и да се организираат некакви настани или предавања. Кафето, чајот и кексите се бесплатни, односно се вклучени во цената што се плаќа за престој во просториите. Анти – кафулето функционира на принцип на самопослужување, односно секој си зема што сака, нема келнери. Просторот се состои од кујна, дневен престој, таван и тераса, на која е дозволено пушење. Алкохол нема.

2

Сопственичката на Lutajući sat, Ана Манзин, не се плаши дека гостите ќе станат алчни и ќе доведат до пропаст на кафулето.

“Ако некој може да испие десет кафиња за еден час, нека испие. Но, мислам дека тоа не е можно”, вели Манзин за Вечерњи лист.

3

На влезот се зема картичка и се плаќа на излез. Една минута престој во Lutajući sat чини 25 липи (2 денари), односно 20 липи за членовите (1,6 денари), т.е. еден час чини 15 куни (120 денари) или 12 куни за членовите (96 денари).