Ќе се гради Воден град над Будва

47

toplis

Општина Будва, Црна Гора, ќе понуди пет хектари земјиште на ридот Топлиш во закуп на 30 години за изградба на забавен аква парк, а неофицијално заинтересирани се три компании, пишува Вијести.

Земјиштето се издава за годишна кирија од 240.000 евра. Цената се намалува на половина додека трае собирањето документација за одобрување на градба и ставање на објектот во функција, не подолго од две години.

На ридот се наоѓа најголемата дискотека на отворено во регионот, Топ хил, од која општината годишно инкасира 270.000 евра. Над дискотеката, на површина од скоро 50.000 квадрати ќе се гради Воден град, забавен комплекс со различни содржини. За Водениот град веќе претходно се изработени проект, потребна инфраструктура и набавена е опрема.

За проектот се заинтересирани руска компанија, мексиканската Аквакита и црногорската Tradeunique.