Џакарта ќе се спасува од тонење со проект од 40 милијарди долари

67

jakartagarudauk

Престолнината на Индонезија, Џакарта, секоја година губи по седум сантиметри од својата површина која тоне под вода, па затоа локалните власти ангажираа холандски експерти за решавање на тој проблем.

Како главни причини поради кои тоне Џакарта не е само зголемување на нивото на морето, туку и несовесната политика на градските власти кои веќе со децении експлоатираат вода од подземни бунари и оставаат огромни празни резервоари под површината, кои со текот на времето попуштаат под товарот.

1

Предложениот план за спасување на Џакарта предвидува проект што ќе трае 30-тина години и ќе чини 40 милијарди долари. Амбициониот план опфаќа создавање на 17 нови острови, како и ѕид во должина од пет километри за контрола на нивото на водата.

Проектот го носи името The great Garuda – бидејќи поставеноста на вештачките острови потсетува на митолошкото битие Гаруда, што е национален симбол и по истиот е наречена и националната авиокомпанија.

2

Зад Great Garuda стои конзорцуим од холандските компании Witteveen + Bos, Grontmij, ECORYS, Deltares и Kuiper Compagnons. Властите во Индонезија одлучија својот проблем да го решат со помош на експерти од Холандија, бидејќи оваа земја со векови се бори со поплавите поради географската поставеност под нивото на морето.