Хотелската групација Hilton Worldwide го најави отворањето на својот нов хотелски бренд наречен Canopy.
Станува збор за нов ланец на бутик – хотели кои ќе бидат интегрирани во урбаните центри на големите американски и светски градови. Од групацијата велат дека хотелите Canopy ќе бидат најдоброто од локалните понуди. Тие ќе нудат од крафт пиво, до гастрономски специјалитети и уметнички дела од локални уметници.
Од Хилтон најавуваа дека наскоро ќе бидат отворени десет американски и еден британски Canopy хотел, додека следните пет години планираат да отворат уште 100 хотели од новиот бренд.
“Canopy ќе донесе свеж пристап во хотелската индустрија и ново искуство во хотелскиот престој”, изјави шефот на Хилтон, Кристофер Џ. Насет.
Моментално Хилтон располага со 700.000 хотелски соби ширум светот.