Apple утре отвора втора продавница во Турција

43

apple

Американскиот технолошки гигант Apple се подготвува утре (25 октомври) да ја отвори својата втора продавница во Турција на азиската страна на Истанбул. Новата продавница ќе се наоѓа во Акашија трговски центар во областа Аџибадем во Истанбул. Во април минатата година Apple ја отвори својата прва продавница во оваа земја на европската страна на метрополата, во Зорлу центарот, пишува турскиот весник Заман.

Плановите на Apple за проширување во Турција се поклопуваат со претходните потези да отвори продавници во европски центри како Венеција и Единбург.

Според најавите, се очекува Apple да ја отвори својата прва продавница во Обединетите Арапски Емирати на почетокот на следната година.