MarkO – паметно другарче што ќе ви ги организира обврските

37
1461103_3608068016391_1788777060_n
Нино Карас, со-основач на CodeWell

MarkO како проект претставува апликација – ваше паметно другарче, кое се наоѓа на вашиот паметен телефон, часовник или паметни очила, и има за цел да ве извести за вашите задачи и работите кои треба да ги направите, во вистинско време т.е. кога ќе бидете во близина на место во кое ќе може истите да ги завршите. Вака овој проект го објаснува Нино Карас, со-основач на CodeWell, компанија за развој на мобилни апликации. Поддржете го MarkO и гласајте за единствениот македонски претставник на Pioneers Community Awards, на линкот подолу во текстот.

БИ: Кажете ни нешто повеќе за проектот MarkO – Your smart task buddy that rocks… Каква апликација е MarkO?

MarkO е апликација која се стреми да го револуционира начинот на кој корисниците на паметни телефони ги организираат своите дневни обврски и задачи, односно начинот на кои тие добиваат потсетници и известувања во однос на истите. Всушност, MarkO како проект претставува апликација – ваше паметно другарче, кое се наоѓа на вашиот паметен телефон, часовник или паметни очила и има за цел да ве извести за вашите задачи и работите кои треба да ги направите, во вистинско време т.е. кога ќе бидете во близина на место во кое ќе може истите да ги завршите. На пример, доколку имате задача од типот “купи млеко” и таа задача ја поврзете со типот “продавница или супермаркет”, тогаш MarkO ќе ве извести и потсети нареден пат кога ќе поминете во близина на некој супермаркет да ја комплетирате задачата.

mO

БИ: По што се разликува MarkO од останатите слични апликации?

Клучната разлика помеѓу MarkO и сличните организатори на задачи се состои во суштинската разлика во однос на што се базираат известувањата на задачите. Повеќето од постоечките конкурентни апликации се фокусираат да заменат лист и пенкало во комбинација со временски аларм, кој ќе ви заѕвони и ќе ве извести во дадено време со цел да ве потсети за дадената задача. Меѓутоа, проблемот е што нашиот распоред во ова динамично секојдневие е навистина променлив, па многу е тешко да го предвидиме вистинскиот момент кога би сакале да бидеме известени со цел да не заборавиме да ја исполниме задачата. Дополнително на тоа е и фактот дека дури и да го предвидиме времето, едноставно распоредот многу лесно може да се промени, па секогаш на крајот на денот или неделата завршуваме со една голема листа на некомплетирани задачи.

Постојат апликации кои нудат и локациски потсетници, меѓутоа главната разлика меѓу МаркО и тие апликации е во тоа дека вообичаено апликациите кои нудат локациски потсетници бараат од вас да предефинирате локација и радиус околу која би сакале да бидете известени. Па така, доколку имате задача како горенаведената купи млеко, вие би требале да ги предефинирате сите продавници во ваша близина, што представува дополнителен товар и проблем. За разлика од нив, MarkO воведува паметен алгоритам кој ги знае сите продавници во ваша близина и останува на вас само да предефинирате дека таа задача е поврзана со типот на продавници или пак со дадена продавница. Дополнително над тоа MarkO нема да ве праша за радиус на известување, бидејќи точно знае кога да ве извести базирано на тоа дали вие се движите пешки или можеби возите автомобил во моментот.

БИ: Колку време ви требаше да ја реализирате апликацијата од идеја до готов производ?

Идејата за МаркО и иницирањето на проектот започна во почетокот на јуни оваа година и уште трае. МаркО е во бета верзија, па доколку сакате да ја испробате апликацијата можете да се приклучите на тимот на бета тестери на официјалниот веб сајт на MarkO, www.MarkO.Rocks. Што се однесува до готов производ, апликацијата се очекува да излезе јавно до крајот на овој или почетокот на наредниот месец.

564028_3473712417585_759514937_n

БИ: По завршувањето на тест периодот и пуштањето на пазар, каде се ќе биде достапна оваа апликација?

Оваа апликација ќе биде достапна комплетно бесплатно на сите официјални пазари на апликации зависно од платформата. Така, Android верзијата и верзијата за Android Wear (паметните часовници) ќе биде достапна на Google Play, iOS верзијата на AppStore, а Google Glass на официјалниот Glassware маркет.

БИ: Какви промени ќе има во втората верзија на MarkO?

Хмм…интересно прашање 🙂

Можам да кажам дека имаме полн распоред на работи кои сакаме да ги имплементираме и ќе стасуваат во наредните верзии на апликацијата. Некои од нив се откриваат и во промо видеото на самата апликација како аудио и слика задачи. Во секој случај, следат интересни опции кои мислиме дека навистина ќе бидат корисни и ќе им се допаднат на корисниците.

БИ: Како старт-ап, кои ви се најголемите предизвици со кои се соочувате? Што планирате за понатаму?

Има многу предизвици со кои се соочуваме, меѓутоа во контекст на МаркО, предизвиците се движат од “како да се привлече вниманите на корисниците”, до “како да се порасне MarkO во светски продукт”. Навистина постојат разновидни предизвици и како старт – ап морате да се соочувате со сите нив на сите фронтови.

Навистина има предизвици од различен карактер, па така еден од предизвиците во кои моментално сме вклучени е предизвикот да се победи на Pioneers Community Awards интернационалниот натпревар организиран од Pioneers Festival (http://pioneers.io/festival/startups/community-award). Се работи за широко препознаен интернационален натпревар во кој заедницата гласа за најдобар продукт и апликација. Ние воедно сме и единствениот македонски претставник на овој натпревар. За апликациите се гласа преку официјалната Facebook страница на натпреварот, со притискање на копчето vote за дадената апликација од интерес. Натпреварот трае до 30 октомври и моментално сме во водство и се бориме за првото место, но навистина ни е потребна подршката за да останеме на врвот до крај. Па така, доколку читателите на bi.mk сакаат да не поддржат и да ни помогнат да победиме на овој натпревар, би ги замолил да гласаат за MarkO на следниов линк: http://woobox.com/pmgdzb/vote/for/4910814.