Посебен уред ќе ги предупредува велосипедистите да возат внимателно

46

ured

Голем број велосипедисти не се свесни за знакот Стоп и дека со својата брзина можат да ја загрозат безбедноста во сообраќајот, ставајќи го во прашање сопствениот и животите на останатите учесници во сообраќајот. Како решение на тој проблем доаѓа посебен уред што ќе ги предупредува велосипедистите да ја намалат брзината на движење и да застанат на пешачкиот премин, пишува Пословни дневник.

Идејата за сигнализација на велосипедскиот премин на крстосниците на младиот иноватор Ведран Кукурика се родила во електротехничкото и сообраќајно училиште во Осјек.

“Еден од моите соученици возејќи камион удри во велосипедист, кој поминувал по патека означена за движење со велосипеди. Подоцна беше утврдено дека и велосипедистот имал знак Стоп на преминот, што значи дека немаат предност за минување пред автомобилите“, вели Кукурика. Велосипедистот не бил повреден, сите продолжиле по својот пат, но овој настан бил повеќе од доволен за развивање на неговата идеја.

Уредот може да се постави на постоечките знаци Стоп на велосипедските патеки. На знакот ќе има впечатливи ЛЕД светилки, а уредот ќе биде поврзан на истиот и ќе ја мери брзината на движење на велосипедистите. Доколку велосипедистот се движи со поголема брзина, веројатноста дека нема да застане пред знакот е многу поголема. Поради тоа, знакот заедно со уредот ќе сигнализираат велосипедистот побрзо да запре за да може безбедно да ја премине улицата.

Сигнализацијата се состои и три главни делови – мерач на брзината, систем за обработка на податоците и осветлување на знакот.