По Хрватска, платформата AutoHop достапна и во Србија

37

HomeSlide1

Водечката on line заедница за делење на трошоци за патување во југоисточна Европа – AutoHop, по Унгарија, Романија и Хрватска, од јули оваа година е присутна и на српскиот пазар, пренесува eKapija.

Во Србија моментално има околу 20.000 регистрирани корисници и нешто повеќе од 45.000 направени патувања.

Целта на платформата е да се поврзат оние лица кои патуваат со свое возило со оние кои имаат потреба од превоз на истата релација, па така самата платформа на многу едноставен начин им овозможува на возачите да заштедат на трошоците за гориво и патарини, додека на патниците им пружа можност за удобно и поволно патување.

Делењето на превозот, односно ridesharing, не е непознат концепт во Србија, особено меѓу луѓето кои често патуваат низ земјата или во странство. Досега за пронаоѓање на возачите или сопатниците користеле најразлични интернет форуми и голем број групи на Facebook, но немало единствено место на кое че можат да се поврзат на едноставен, брз и транспарентен начин.

AutoHop во Унгарија постои од 2012 година, на почетокот од оваа година се прошири во Романија, а од ова лето и во Хрватска и Србија.