Моделите на Porsche Panamera веќе долго време се хит помеѓу вљубениците во добри автомобили ширум светот. Токму поради тоа германскиот производител ја промовираше својата ултра луксузна, лимитирана верзија на ова возило – Panamera Turbo S Executive.
Поради својата ексклузивност само 100 модели ќе бидат пуштени во продажба по цена од 264.000 долари.
Оваа убавица како што ја нарекуваат од Porsche, доаѓа со 4,8 литарски V8 мотор кој што произведува 570 КС при 6.000 вртежи во минута и може да достигне брзина до 310 километри на час.
Автомобилот може да се нарача заедно со пет луксузни куфери кои совршено се совпаѓаат со неговиот изглед а се изработени од италијанскиот бренд Poltrona Frau.
Освен веќе постоечките нијанси, бојата на Panamera Turbo S Executive, може да биде и темна црна металик и костенливо кафена металик.
Ентериерот го има оној класичен дизајн на Porsche. Седиштата и внатрешноста на вратите се обложени со костенливо кафена кожа од Poltrona Frau.
Заедно со елегантната внатрешност, автомобилот доаѓа со луксузен систем за забава, Rear Seat Entertainment System Plus, кој вклучува два 10,1 инчни екрани на допир, како и вградена камера и DVD плеер за максимално ужување во возењето.