Скијачката сезона на Попова Шапка официјално се отвара утре со ноќно скијање. Ноќното скијање се враќа на овие терени за првпат после повеќе од една деценија. Сите посетителите од утре ќе можат да ги користат ски лифтовите бесплатно во периодот од 18 до 22 часот.
Билетите за ноќното скијање ќе се продаваат по промотивна цена од 300 денари, а поевтинуваат и сезонските билети.
Новост оваа сезона е и воведувањето на заеднички сезонски ски билет кој ќе важи и за двата скијачки центри Попова Шапка и Копанки на Пелистер. Во овие скијачки капацитети кои ги управува ЕЛЕМ Турс, подружница на АД Електрани на Македонија за туризам, угостителство, спорт и рекреација, цената на новиот билет е 10.500 денари.