Доверба

52

sajka-pixabay

Фото: Pixabay

“Потребни се 100 добри работи за да стекнеме доверба, но само 1 лоша за да ја изгубиме“

Зага – мојата класна од основно училиште

Довербата е најважен дел во меѓусебните односи на луѓето. Жално е што иако сме свесни за ова, довербата во односите меѓу луѓето е на толку климави нозе што секоја комуникација започнува со НЕдоверба. Безброј пати ви се случило да започнете разгоро со некого, а соговорникот да ве гледа со недоверба. Повеќе пати ќе испратите некоја понуда за соработка и оваа понуда ја гледаат со недоверба. Некогаш ќе се пофалите за некоја добро завршена работа, а луѓето веднаш ве гледаат со недоверба и ве критикуваат. Недовербата е на сите страни.

И сето тоа само се продлабочува и се продлабочува и никој нема намера да се мрдне од таа мртва точка туку баш напротив, сите ја прифаќаат како појдовна точка во секоја комуникација. Започнуваме со НЕДОВEРБА. Започнуваме со негативно.

Затоа, еве ви неколку совети како да ја повратите довербата кај луѓето и како со доверба да гледате на работите:

  • Правете го она што го кажувате – не ги оставајте работите само на зборови. Може да почнете со тоа што ќе кажувате работи коишто навистина можете да ги исполните, па макар тие биле мали и ситни. Од мали работи се гради довербата!
  • Стојте зад своите ветувања – и немојте да ветувате само поради тоа што така прават другите или за да го завршите разговорот побрзо. Луѓето се ослонуваат на тоа што сте го ветиле и очекуваат дека ќе го исполните. Ако не го исполните, признајте си дека грешката е ваша и немојте да обвинувате други.
  • Кажувајте ја вистината – и немојте да имате скриени агенди. Кажувајте им на луѓето дека ја зборувате вистината и
  • Немојте да користите „бели“ лаги – нема бела или црна лага – има лага! За жал, многу од нас се вадиме на овие обоени лаги, а всушност лажеме.
  • Бидете отворени – во комуникација, во однос, во давање, во земање… Уште во самиот старт на комуникацијата отворете ги картите и немојте да се плашите од соговорникот. Проблемот е што ние не сме подготвени да бидеме отворени и затоа сите разговори и преговори започнуваат многу затворено и траат ли траат сè до еден момент додека некој не се „отвори“… и што?? Само поминало многу време, а на крај сите се отвораат.
  • Чувајте ги тајните за вас – ако некој ви довери некоја тајна, немојте да ја пренесувате. Таа личност сака да сподели нешто со вас и тоа не ви дава за право да го пренесувате понатаму! Ни на најголемиот непријател немојте да му го правите тоа, а да не зборуваме за дома, на работа, со пријателите, со партнерите.
  • Озборување – немојте да озборувате. Немојте да озборувате други луѓе, настани или ситуации пред непознати, па и познати луѓе. Ако тоа го правите пред мене, зашто да не помислам дека тоа го правите и за мене, пред други луѓе?
  • Лојалност – со ова го покажувате вашиот капацитет да ги заштитите другите (колеги, другари, партнери…) како и дека сте од иста страна како кога се со вас, но и кога не се во ваше присуство.
  • Немојте да ги повторувате истите грешки – ако довербата кај некого ви е нарушена поради некоја работа која сте ја направиле, немојте да ја повторувате кај никого и никаде.

Како што можете да видите, има многу работи како да ја повратите довербата или како да почнеме со доверба да ги гледаме работите, но најважна е, навистина сите да почнете со ДОВЕРБА и позитивно да гледате на работите.

Со успех во промените.