Доколку уживате во вкусна храна, тогаш подгответе се за нешто необично – luma bites, храна што свети во темница.
Зад luma bites стои брачната двојка Стив Џонсон од Минесота и Мартина Жупаниќ од Загреб.
Тина и Стив одлучиле да истражуваат дали постои начин да подготвуваат храна што ќе свети навечер. По неколкумесечни обиди, пронашле безбеден рецепт и здрави намирници за подготовка на “светлечката“ храна. Состојките што го даваат светлечкиот ефект на храната, Стив и Мартина љубоморно го чуваат и не го откриваат.
“Создадовме храна, која не само што светка, туку е и многу вкусна и убава и на дневна светлина“, вели Мартина, стои на нивната официјална страница.