Досега соларната енергија се поврзуваше со сино – црни фотонапонски панели кои ги прекриваат објектите за да ја апсорбираат сончевата енергија. Но, тоа повеќе не мора да биде така благодарение на изумот на швајцарската непрофитна компанија CSEM.
“Нашата револуционерна технологија ни овозможи да го постигнеме она што беше навидум невозможно – бели и обоени соларни панели без видливи ќелии или канали. Соларните панели стануваат речиси невидливи извори на енергија“, стои на официјалната страница на компанијата.
Новите панели можат да се користат на ѕидните површини или пак на покривните конструкции на зградите.
Од компанијата велат дека панелите можат да се постават на било кој вид фотонапонски ќелии или да се интегрираат во нови модули за време на производството. Она што е посебно интересно е дека панелите можат да бидат рамни или закривени, што отвора можности за различни систем за персонализација на постоечките панели.