На 52. Меѓународен саем за мебел што деновиве се одржува во Белград, изложени се работна маса и столица, кои се најскапите експонати годинава. Работната маса и столицата не се продаваат, па затоа цената не е истакната, но проценети се на 127.000 евра, пишува Блиц.
Масата е тешка 400 килограми, а столицата, која е преслечена со кожа од питон тежи 50 килограми. Работени се рачно во времетраење од две години, а во изработката учествувале 30 луѓе. Направени се од ореово дрво од Шумадија, гранитот е од Бразил, боите од Италија, а рачките се обоени со 24 каратно злато. Наскоро ќе бидат понудени на аукција во Лондон.
Саемот за мебел во Белград трае од 10 до 16 ноември и на него ќе се претстават околу 300 домашни и странски изложувачи.