До крајот на следната година, Хрватска ќе добие venture capital (VC) фонд за инвестирање во стартапи вреден 40 милиони евра. Со овој капитал, фондот ќе биде најголем VC фонд во јадранскиот регион, па дури и во југоисточна Европа.
“Преку VC фондот сакаме на нашите стартапи да им овозможиме да останат во Хрватска и да дадат дополнителен поттик за забрзување на развојот на хрватскиот старт-ап екосистем”, вели првиот човек на агенцијата Hamag – Bicro, Дарко Лиовиќ, пишува Пословни дневник.
Фондот ќе функционира по моделот на јавно – приватно партнерство. Половина од средствата, 20 милиони, државата сака да ги обезбеди преку заем од Светска банка, а остатокот од парите да се соберат од приватниот сектор.
Освен за стартапи, фондот ќе има и дел од средствата резервиран за помали, таканаречени seed инвестиции.