Carlsberg ја купува грчката Olympic Brewery

51

carlsberg

Данскиот производител на пиво Carlsberg најави вчера дека ќе го купи мнозинскиот дел во грчкaта Olympic Brewery, трет по големина произведувач на пиво во оваа земја, со што ќе го зголеми уделот на грчкиот пазар на 29%.

Carlsberg веќе ја има втората по големина грчка пивара Mythos под своја капа, откако ја презеде во 2008 година во рамки на заедничката инвестиција со Heineken во британската пивара Scottish and Newcastle.

Новата компанија ќе биде во 51% сопственот на Carlsberg. Вредноста на трансакцијата не се открива.