Американскиот актер Џим Парсонс, познат според ликот на Шелдон Купер во серијата The Big Bang Theory, е главниот јунак во рекламата на технолошкиот гигант Intel.
Од следната недела Intel започнува со нова промотивна кампања, па за таа цел подготви серија видеа за емитување на телевизиските станици во САД, но кампањата низ целиот свет ќе се спроведе преку YouTube, Facebook, Twitter.
Фокусот на новата на кампања на Intel не е промоција на новите производи, туку подигнување на свеста кај луѓето за постоењето на овој препознатлив технолошки бренд.
Како заштитно лице на празничните рекламни спотови се појавува Парсонс, што за него ова е прв ангажман откако прерасна во глобална ѕвезда, а во Intel се надеваат дека неговата појава ќе привлече голема гледаност особено во претпразничниот период.