Естонија прва земја во светот што воведува е – државјанство

35

estonija e drzavjanstvo

Естонија е првата земја во светот што воведе е – државјанство за нерезиденти на таа земја, јавува ABC news.

На апликантите што ќе ги исполнат сите потребни услови ќе им биде издадена дигитална ID картичка со чип и соодветен Пин код, што ќе им овозможи пристап до голем број електронски услуги што ги нуди државата.

Каспар Корјус, менаџер на овој проект, вели дека на овој начин им се помага на голем број странски државјани во Естонија, доближувајќи ја земјата до дигиталното општество.

Меѓу услугите што им се достапни на странските државјани се електронско здравство, електронско плаќање даноци и поднесување пријави до даночните органи, пристап до образовниот систем и слично.

“Нашата главна цел беше да им помогнеме на странските државјани да бидат повеќе инволвирани во Естонија на непосреден начин“, вели Корјус.

Е – државјанството не ги гарантира сите граѓански права, ниту пак може да се користи како документ при патување.

Лицата кои сакаат да станат е – државјани на Естонија мора физички да се пријават на границите на земјата, но тамошната влада од следната година планира тоа да може да се прави и во естонските амбасади и конзулати ширум светот.