Скопје Сити Мол најавува Black Friday и во Македонија

28

take-over

Black Friday ќе биде одбележан и во Скопје Сити Мол, како ден сосема поразличен од сите останати, исполнет со многу попусти и изненадувања. Главниот акцент на овој ден на глобално ниво е на електронските уреди и технолгијата, но Скопје Сити Мол во рамки на својата организација ќе обедини интересни акции кои интернационалните и домашните технолошки и текстилни брендови ги креираа за овој ден.

Скопје Сити Мол ќе се вклучи во шопинг манијата препознатлива низ светот, што е воедно најава за новогодишните празници и предновогодишните шопинг активности кои се заштитен знак за секое семејство.

“Што е главната инспирација за Black Friday и што Ве очекува во Скопје Сити Мол? Секако, она што секаде низ Европа и светот е задолжително за овој ден, а тоа се попусти. За граѓаните се овозможени намалувања кај голем дел од закупците, кои ќе се движат од 20% па нагоре. Интересно е да се напомене дека во продавниците за бела техника, предвидени се големи изненадувања, но од друга страна не треба да се заборават и омилените модни брендови, каде дефинитивно секој ќе може да пронајде ново модно парче“, стои во соопштението на Скопје Сити Мол.

Токму фактот што низ светот главен фокус се става на технологијата, а во Скопје Сити Мол ќе бидат опфатени брендови од различни дејности, е добра причина и покана за граѓаните, во пресрет на викендот, да поминат дел од својот петок во најголемиот мол во државата.

Од таму најавуваат и дополнителна забавна програма, која воедно ќе биде и  изненадувањето на денот, а ќе биде откриена на, како што често се нарекува овој ден , денот посветен на шопингот.