Горивата поевтинуваат за два денари

55

benzinska pumpa kola

Горивата, од ноќеска на полноќ, на бензинските станици ќе се продаваат по цени пониски за два денари, е најновата одлука на Регулаторната комисија за енергетика.

Со тоа цената на Еуросупер БС – 95 ќе биде 70,00 денари за литар, додека еден литар Еуросупер БС – 98 ќе се продава по цена од 71,50 денари.

Намалување, исто така, од два денари има кај дизелот горивото Еуродизел (Д-Е-V) и ќе чини 60 денари за литар, додека Екстра лесното масло за домаќинство ќе биде 48,50 денари.

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се намалува за 2,153 ден/кг и ќе изнесува 30,866 денари.