Акциите на фармацевтскиот гигант Алкалоид беа најтргувани акции во ноември, покажуваат податоците од месечниот статистички билтен.
Хартиите од вредност на Алкалоид зафаќаат 18,21% со 175 трансакции, потоа следат акциите на Македонски телеком со 12,01%, односно 75 трансакции, додека на третата позиција се најдоа оние на Комерцијална банка со 150 трансакции, т.е. 10,72% удел во вкупниот промет во ноември.
Најголем раст во ноември забележа вредноста на акциите на Арцелормиттал (ЦРМ) Скопје од 45,95%, потоа следат хартиите од вредност на Уни банка со скок од 39,50%. На трето место се позиционираат акциите на Бетон Скопје со пораст од 35,59%.
Јака 80 Радовиш забележа огромен пад на вредност на акциите во текот на минатиот месец – 75,86%. Акциите на ФЗЦ 11 Октомври Куманово забележаа пад од 35,82%, додека оние на Македонски Телеком загубија 10,48% од вредноста.
Во текот на ноември, пазарната капитализација на Македонска берза е на ниво од 104.792.470.549 денари, што претставува зголемување од 0,39%. Кај прометот се забележува огромен пад од 94,11%, додека кај бројот на трансакциите има пораст од 5,32%.