Околу една милијарда лица во светот немаат пристап до чиста вода за пиење. Еден од начините да се реши овој глобален проблем е изумот на соларен погон што неодамна го претстави британската компанија Desolenator. Станува збор за уред што може морската вода да ја претвори во вода за пиење и на тоа на брз, едноставен и еколошки начин.
Овој уред користи патентирана технологија што може да ја претвори морската и другите извори на непрочистена вода во чиста вода што може да ја пијат луѓето. Во овој момент уредот може да произведе околу 15 литри вода дневно, а како единствен извор за напојување ја користи соларната енергија. Рокот на употреба, според производителот, е околу 20 години.
“Климатските промени и зголемениот број на жители се главната причина за појавата на глобалната криза за вода. Дури 97% од водата во светот е морска, а нашиот план е да го искористиме овој вреден и достапен ресурс и го намалиме ударот на оваа криза. Преку процесот на десоленизација, светот добива околу 0,7% вода за пиење, но оваа технологија е многу скапа и неефикасна бидејќи троши 0,5% од светското производство на енергија. Нашиот изум се разликува од останатите бидејќи на елегантен начин ја користи сончевата енергија за ефикасно производство на чиста вода за пиење“, вели Вилијам Јансен, директор на компанијата Desolenator.
Оваа британска компанија бара финансиска поддршка од 150.000 долари на глобалната платформа за финансирање Indiegogo.