Горивата од ноќеска на полноќ ќе се продаваат по цени пониски за четири односно 4,5 денари, е најновата одлука на Регулаторната комисија за енергетика.
Цените на Еуросупер БС – 95 и на Еуросупер БС – 98 се намалуваат за 4,50 денари за литар и ќе бидат 65,50, односно 67 денари за литар. Намалување од четири денари има кај цената на дизелот, па така новата цена на Еуродизел (Д-Е-V) ќе биде 56 денари за литар, додека на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) ќе биде 44,50 денари за литар.
Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се намалува за 3,354 ден/кг, и ќе изнесува 27,512 ден/кг.