Хрватски старт – ап: Мултифункционални чевли и јакна што се трансформира на седум начини

50

multifunkcionalna jakna i cevli

Валинеа Вингер, студентка по моден дизајн на Текстилно – технолошкиот факултет во Загреб, во соработка со нејзините колеги разви две дизајнерски старт – ап идеи, пишува Пословни дневник.

Wood u – е нивната иновација што подразбира мултифункционални женски чевли, направени од природни материјали, чиј горен дел лесно се менува. На тој начин секоја жена има можност на едни исти чевли само да им го промени горниот дел и да добие сосема нови обувки.

“Бидејќи сите сме студенти, на самиот почеток не ја познававме ниту технологијата, ниту пак го знаевме начинот на работа. За една година, почнувајќи од самиот почеток и од самата идеја, обликувавме мултифункционални чевли и работевме на развој на нашиот бренд под името Wood u. Во исто време, работевме на се – од продажба до истражување на пазарот, маркетинг, производство. Рокот што го дадовме за излез на пазарот е мај следната година“, вели младата дизајнерка Вингер.

Вториот старт – ап зад кој стои само Вингер е Passenger мултифункционалната јакна.

“Ова е комплетно мој проект и е наменет за оние луѓе кои се постојано во движење“, додава Вингер.

Passenger е мултифункционална и машка и женска јакна и може да се трансформира на седум различни начини, а е наменета за луѓе кои постојано патуваат. Ти ќе имаат можност да ја склопат јакната во форма на перница без да зафаќа многу простор. На јакната има и торбичка во која може да се стави јакната и може да се носи на рамо или околу половината.

“Во потрага сме по инвестиции за Wood u и за Passenger за да може овие брендови да се рашират не само во Хрватска, туку на глобално ниво преку продажба на интернет“, рече Вингер.