Фото: Pexels
Многу луѓе велат дека никогаш не би можеле да се занимаваат со продажба. Меѓутоа, продажните вештини се нешто што се развива од раѓање и што ни помага да ги креираме животот и кариерата.
Доколку некогаш сте рекле дека не знаете да продавате, еве една новост за вас: сите сме продавачи и со продажба се занимаваме секој ден.
Продавачи од мали нозе
Малите деца се одлични продавачи. Поставуваат вистински прашања, знаат да ве убедат да биде по нивно, не прифаќаат “не” како одговор и точно знаат кој одлучува кога е купувањето во прашање.
Тинејџерите имаат добро развиени способности за продавање, затоа што знаат како да изнудат дозвола за подолго време да бидат излезени или да добијат нешто што не им е по желба на родителите.
Низа успешни продажби
Кога ќе одлучите што ќе работите во животот, и понатаму останувате во продажба. Можеби вашата позиција во компанијата има наслов маркетинг менаџер, програмер или генерален директор, но секој момент сте и продавач.
И продавач и купувач
Не им продавате идеи само на луѓето од вашето опкружување, туку и на самите себе. Ако прво не се убедите себе си, не си ја продадете својата вистина на себе, тогаш нема да успеете да ја продадете ниту во комуникација со другите.