БиМилк донираше над 200 новогодишни пакетчиња

47

Компанијата БиМилк донираше над 200 пакетчиња за дечињата со посебни потреби и за дечињата од социјално загрозените семејства од повеќе институции.

Разновидните производи од БиМилк, брендираните БиМилк чадорчиња и многу други изненадувања, ги израдуваа детските срца пред претстојните Новогодишни  празници.

Пакетчинања им беа доделени на дечињата со пречки во интелектуалниот развој од ОУ Ѓорѓи Сугарев, слепите дечиња од Здружението за слепи лица, дечињата од заводот за рехабилитација на слух, говор и глас и од Здружението на родители на деца заболени од церебрална парализа, како и од Црвениот Крст од Скопје.

Волонтерите од Црвениот крст им ги поделија новогодишните пакетчиња од БиМилк на 50 дечиња од Здружението на лица со инвалидитет Мобилност, додека останатите 20 подароци ќе ги дистрибуираат во домовите на децата кои поради тешкиот хендикеп не присуствуваа на прославата.

“Новогодишните празници се ближат, а со тоа расте и желбата да ги израдуваме најмладите членови на семејството со подароци. БиМилк оваа година сакаше да им го разубави претпразничниот период на најмалечките и затоа организираше предновогодишно дружење и изненадувања за секое детенце од избраните институции кои работат со маргинализираните групи. Овие дечиња се навистина скромни, тие посакуваат само топла насмевка и малку внимание, а за возврат ни пружаат безусловна љубов и благодарност”, изјави Полексена Ристеска, одговорна за маркетинг во компанијата.